Како да изгледаш секси постојано?



Да изгледаш секси не значи само да си облечена во оскуднa облека и да си шминкана со тешка, задимена шминка.


Следете ги советите подолу, за да изгледате секси цело време:

Упадливите усни се дефинитивно секси, но едноставно не претерувајте со сјајот.


Во текот на денот можете да носите кармин, но покријте ги усните со светол молив, за да создадете база. Додадете една капка транспарентен сјај во центарот на долната усна и прекршете ги усните, за да го распростаните. При специјални вечери – зајакнете ја бојата со кармин!

Додај детал во црвено


Без разлика дали си облечена во деловен костум, мал црн фустан или фармерки и маица, може да додадете уште доза сексапил кон својот изглед, вклучувајќи црвен детал. Секако дека не треба да се облекувате во црвено од глава до пети, но тенок црвен појас, торба или обетки би направиле чуда. Црвената е боја на страста и ќе те направи посигурна дури и ако ја носиш во мали дози!

Носете секси долна облека!

Без значење со што си облечена до врвот, ќе се чувствувате пеколно добро ако носите секси долна облека. Ќе бидете изненадени колку привлечно и уверено ќе се чувствувате – да, дури и во канцеларија!

Изложете ги своите убави црти

Но, да бидеме свесни дека сакаме да изгледаме секси, а не како курви! Не треба да носиме деколте до папокот. Може да нагласите елегантен шлиц или фустан со едно рамо. Само така ќе изгледаш вистински секси, а не очајно!

Комуницирајте со очи!

Кога флертувате, не заборавајте го најважното движење – контактот со очите. Наведни ја главата недалеку од некој маж и погледни го под агол за неколку секунди – тоа е страшно секси. Кога зборуваш со некој маж, твоите очи треба да се насочени кон него околу 75% од времето, а во остатокот од времето – да гледаш во друга насока. Кога ти си слушателот – гледај го во очи околу 95% од времето и не заборавај да се смееш!