Loading...

Како да имате здрава коса без да потрошите екстра пари за фризер ?


Секоја жена сака убава и сјајна коса, па секогаш наоѓаме време и средства за фризер и скапи процедури. Здравата коса ја прави секоја од нас посреќна, посигурна и се разбира, повеќе привлечна.

Ќе ви кажеме една тајна – ако сакате секогаш да уживате во прекрасна грива, сменете го начинот на исхрана! Ветуваме дека ќе бидете фасцинирани од резултатите!

Што треба да јадете ?

Лосос и ленено семе

Рибата е задолжителна, ако сакате да се храните здраво, а лососот е најдобриот избор. Оваа риба е одличен извор на омега- 3 масни киселини, витамин Б12 и железо. Сите тие ” работат ” заедно за да ви го обезбедат посакуваниот сјај на косата.

Недоволна потрошувачка на храна богата со омега- 3 масни киселини, може да ја направи вашата коса сува и безживотна. За да избегнете овој непријатен проблем, консумирајте риба барем 3 пати неделно. Но ако сепак не јадете риба, лененoто семе е исто така добро решение.

телешко месо

Знаете ли дека телешкото месо го подобрува изгледот на косата? Тоа е така, бидејќи е богато со цинк. Освен во тоа месо, цинк има и во јагнешкото, и во оревите и бадемите.

Јајца и пилешко месо

Протеините се ефективен начин за стимулирање на растот на косата. Јајцата се богати со витамини од групата Б, особено Б12 и биотин ( В7 ). Се смета дека недостатокот на биотин предизвикува опаѓање на косата. Пилешкото месо е неверојатен извор на протеини и може да ви помогне да се ослободите од кршлива коса.

моркови

Да, морковите содржат витамин А. Недостатокот на овој витамин може да предизвика првут и сува коса. За да се избегне ова, заменете ги нездравите закуски со моркови.

леќа

Таа е богата со фолна киселина, и го подобрува здравјето на црвените крвни клетки. Јадете повеќе леќа и ќе уживате во прекрасната коса! Сè е во ваши раце!