Loading...

Како да го запрете „течењето“ од носот за еден ден


Всушност нашите баби одамна се запознаени со овие методи, но друго е да го каже специјалист. И бидејќи методите се целосно безбедни, па дури и пријатни, ништо не ви пречи да се обидете.

Најважно е да се започнете при појава на првите симптоми, за другиот ден да не биде доцна.

Штом почнете да кивате и носот ви потече, потопете ги нозете во топла вода со лажица сол и постепено надополнувајте топла вода колку што ќе издржите. Останете така десетина минути.

Вториот чекор е масажата. Исушете ги нозете, и покријте ги со пешкир. Во тоа време почнете масажа на рацете, почнувајќи од врвот на палците, останатите прсти и потоа целата дланка.

Потоа следува масажа на стапалата, започнувајќи од палците, прстите и целото стапало. Потоа префрлете се на задниот дел на вратот и рамената, не притискајте многу, не треба да постои силна болка.

Масажата завршува со нежно мачкање на кохлеата, особено оној дел кој е во почетокот на ушниот канал. Следува постапка со кромид, кој е богат со фитонциди, кој се бори успешно со микробите. Исечете го ситно кромидот, ставете го во газа и ставете дел во ушите, а дел оставете блиску до главата на детето, за да ги дише пареите додека спие.

Четвртиот чекор е повторно загревање – на нозете и грбот. Користете електрична перница, греалка или едноставно шише со топла вода.

Потоа следува лаважа на носот и неколку пати истурете во носот по еден пипета, за да се испуштат микробите не само носот, но и грлото.Ако тоа е непријатно за детето, користете спреј со морска вода од аптеката.

Пијте многу течности – топол чај од камилица, шипка, липа, ѓумбир, црн и зелен чај. Јадете кромид и лук, сезонски плодови – цитрусни овоштија, јаболка, киви, калинка. Лута пиперка помага на возрасните како при течење на носот, така и при кашлање.