Како да го задржиме тенот по летниот одмор?



Времето лета и доаѓа крај на летните денови. Секој, успеал да стигне до морето, се враќа со убав тен на кожата, кој најмногу за еден месец исчезнува.


Излегува дека сепак постои начин тој да се задржи за подолго време, без да чини напор и изложување на сончевите зраци.

Според истражувачите има неколку начини да се задржи тенот. Еден од нив е да се консумираат повеќе каротиноиди. Тие претставуваат органски пигменти кои се наоѓаат во различни овоштија и зеленчук како морков, портокали, кајсии, манго и спанаќ.


Според разни студии бојата на лицето го одредува и степенот на привлечност на поединецот.

Во еден од експериментите на 60 лица биле прикажани слики на лица во две варијанти – на лице со каротеноидна пигментација и без таква. Конечно учесниците требало да проценат кои од фотографиите се поатрактивни.


Резултатите покажале дека оние од лицата чии тен бил со повисока содржина на каротеноиди, бил и попривлечен – во 86% од фотографиите.

Во друг експеримент пак биле прикажани слики на луѓе со меланинова пигментација, повторно на 60 волонтери. Се покажало дека 78.5% од нив ги оцениле повисоко оние со темен тен.

А заклучокот за трето истражување, повторно со учество на 60 волонтери, посочија дека 75.9% од нив преферираат и мислат за повеќе атрактивни луѓето со коротеноидно боење, за разлика од оние со меланинови лица.

Во оваа фаза истражувачите не можат да кажат колку точно овошје и зеленчук богат со каротеноиди, треба да се консумираат за убав тен. Но има едно истражување од 2012 година, според кое само две дополнителни порции дневно од такви производи го менуваат значително тенот.

Специјалистите потсетуваат уште дека повеќе овошје и зеленчук е важно не само за здравјето на кожата и нејзиниот привлечен изглед, но и за општата здравствена состојба на организмот.