Како да го сочуваме здравјето во канцеларијата



Долгите часови во канцеларија имаат негативно влијание врз организмот и сериозно го загрозуваат физичкото и менталното здравје. Добрата вест е дека сепак можете да си помогнете и да ги ограничите „страничните ефекти”.


Стресот е силата која ве тера да работите со полна брзина и да давате сè од себе и тогаш може да предизвикате голем број на болести или моментални болки.

Депресиите, емотивната нерамнотежа и прекумерната тежина се само дел од негативните ефекти предизвикани од динамичното секојдневие во канцеларијата. За да ги ограничите стресните ситуации, прво треба да сфатите дека не сте совршени.


Не заборавајте дека слатките искушенија нема да ви ги решат проблемите, туку само ќе ви додадат вишок килограми. Спортот е идеален начин да се борите против стресот и секогаш да бидете во кондиција.

Пријатната атмосфера на работното место ја зголемува работоспособноста и концентрацијата. Долгите часови пред компјутерот можат да провоцираат проблеми со рбетот, болки во грбот, главоболка, грчеви и напнатост во мускулите, па затоа обезбедете си удобен стол, правилна позиција и правете задолжително кратки паузи на секој час.