Како да го промениме својот живот и да бидеме посреќни



Ако се чувствувате незадоволни од сегашниот живот, има начин да го промените. Всушност сè е во вашите раце. Покрај тоа, не заборавајте дека животот не е секогаш толку фрустрирачки, колку што можеби го гледате во моментот.


Во многу случаи тешкотиите имаат за цел да ве направат по благодарни за идните убави настани кои ве чекаат. Човек постојано се развива, така што животот денес едвај ќе биде ист по половина или една година.

Сепак секоја позитивна промена зависи и од вашите сопствени напори. Затоа, време е да го земете животот во свои раце. Еве неколку совети:


1. Не престанувајте да се обидувате. Колку пати ви се случило да одлучите да пробате нешто само затоа што сте загрижени дека ќе пропадне? Оваа логика нема да ве доведе до ништо добро и време е да почнете да се обидувате. Можеби среќата конечно ќе ви се насмее.

2. Променете ја својата рутина. Не може да дејствувате на ист начин и да очекувате промена. Ако останете на истата бесперспективна работа, вие ќе продолжите да добивате помалку пари отколку што заслужувате. Ако секоја вечер се враќате дома и откажувате покани за забави, вие ќе продолжите да имате ограничен социјален живот. Можеби е време да направите некоја сериозна промена во својот живот, за да се чувствувате среќни.


3. Утврдете каде е проблемот. Се чувствувате несреќни, но што всушност ви недостасува? Дознајте што точно не ви се допаѓа во вашиот живот, бидејќи само така ќе имате можност да го поправите.

4. Гледајте напред, не назад. Престанете да мислите за последните неуспеси. Вие сте различен човек од оној кој бевте пред година. Се се менува, па денес веројатно ќе имате многу поголема шанса за успех отколку предходно.

5. Бидете добри. Можеби сте слушнале дека треба да се однесувате со другите како што сакате тие да се однесуваат со вас? Дејствувајте на овој принцип, бидете учтиви, добри, насмевнете се и ќе видите како во повеќето случаи ќе добивате ист третман од спротивната страна. Вашата добрина всушност ќе ви даде внатрешна хармонија, која е дел од општата среќа.

6. Верувајте дека ќе дојдат подобри времиња. Оптимизмот понекогаш може да предизвика чуда. Бидете позитивни и дружете се само со такви луѓе. Верувајте дека ќе успеете и тоа сигурно ќе се случи.