Како да ги смирите алергиите и да ја спречите нивната појава!



Се повеќе луѓе страдаат од алергии. Се појавуваат алергиски симптоми, како кивање, чешање на носот и грлото, секреција на бистра, воденикава течност и кашлање, кои настапуваат ненадејно и траат онолку долго колку што личноста е експонирана на алергенот. Честопати, овие симптоми се придружени и со зацрвенети и насолзени очи, односно алергиски конјуктивитис.


Што предизвикува алергии?

Поленските зрнца, домашната прашина, мувлата, животните, различни видови храна или хемикалии предизвикуваат разноврсни алергиски реакции кои доколку останат нетретирани можат да доведат до сериозни хронични проблеми со дишењето и развој на астма, или да предизвикаат и живото загрозувачки реакции.


Како да си помогнеме?

Да се избегнува колку што е можно алергенот, што некогаш е невозможно. Од друга страна треба да сме свесни дека примената на агресивните антихистаминици и кортикостероиди не е едноставна и има многу несакани ефекти по здравјето. А дека најдобро и наједноставно е на природен начин, без несакани ефекти, да ги смириме алергиите и да ја спречиме нивната појава!


Докторите и пулмолозите се повеќе препорачуваат природни, хербални препарати составени од растителни екстракти кои може да помогнат во справувањето со алергиите. Еден од нив е АЛЕРГО ПРОТЕКТ кој има научно докажана ефикасност во справувањето со алергиите. Може да се користи превентивно при појава на алергиска реакција. Растителните екстракти во АЛЕРГО ПРОТЕКТ заедно со витаминот Д како основен имуномодулатор, помагаат на природен и безбеден начин да се смират алергиските реакции и да се спречи нивната појава. Со редовното земање на АЛЕРГО ПРОТЕКТ пред почетокот и во текот на целата сезона на алергии може успешно да се превенираат и добро да се менаџираат сите видови алергии. Уште поголем ефект се постигнува со комбинирање со кварцетин, добро познат препарат кој успешно се применува во третманот на алергиите.

Значењето на растителните екстракти

Растителните екстракти како што се екстрактот од див ѓумбир, црн кардамон, Кинеска туја, екстрактот од коприва и алое вера во научните истражувања имаат потврдено способност да го смират имунитетот, односно да придонесат во стабилизирање на метаболизмот на хистамин со што помагаат во спречување или намалување на тегобите при алергиските реакции. Комбинацијата на овие растителни екстракти, со ензимот бромелаин и витаминот Д во АЛЕРГО ПРОТЕКТ ја прави употребата на овој производ одличен, ефикасен и природен, начин да се превенираат или да се смират алергиите.

Најдобро е навреме, пред почетокот на сезоната на алергии да се заштитиме од несаканите алергиски реакции, лесно и ефикасно, без несакани ефекти за да уживаме во убавите пролетни денови!