Како да ги отстраниме масните наслаги од кујнските елементи


Да се одржува кујната беспрекорно чиста е вистинска уметност. Важно е редовно и навремено да се отстрануваат негативните последици од своите кулинарски вештини.

Чистењето на работните површини, по правило е секојдневна кујнска обврска. Но, масните наслаги можат да го покријат горниот дел од висечките елементи и сето она што стои на нив.

Ова е ефикасен начин за отстранување на масните наслаги од дрвени површини, пишува нмд.мк.

За тоа ќе ви биде потребна сода бикарбона и сончогледово масло. Од овие две состојки направете смеса со средна густина во сооднос: 1,5 дел сода бикарбона и 1 дел масло.

Направете го следното:

Со мека крпа нанесете ја смесата на валканата површина, па лесно пребришете. Оваа смеса не е хомогена, па тоа не треба да ве загрижува.

Дрвото ќе се трансформира пред ваши очи, ќе започне да „дише“, ќе стане чисто и ќе изгледа како ново.

Оваа смеса со чистењето прави пилинг и треба да се користи на дрвени елементи барем двапати месечно. На овој начин не само што се одржува хигиената и се чисти дрвото, туку и го штити дрвото од сушење и прекумерна влага. Со оваа смеса можете да ги третирате сите дрвени површини во вашиот дом (врата, столици, маси, дрвени рамки и сл.)

Масните наслаги на пластични кујнски елементи лесно се отстрануваат со раствор од сол и вода (1 лажица сол на 1 литар вода).