Како да ги направите највкусните домашни фурнарини



Подготвено тесто


1.Замесете го тестото. Во сад измешајте ги сите потребни состојки за подготовка на тестото и месете се додека не добиете фина, компактна смеса. Тестото покријте го и оставете го да нарасне околу 30 минути.
Исукано тесто

2.Стасаното тесто поделете го на 3 дела и секој дел тенко расукајте го.
Пресечено тесто


3.Со помош на ноже за сечење пица, исечете го тестото на тенки стапчиња (за полесно, тестото првин префрлете го во плех за печење, па потоа сечете го).
Фурнарини спремни за печење

4.Префрлете ги стапчињата во намастен плех за печење и оставете ги да одморат 10-тина минути. Пред печење, намачкајте ги со малку вода и масло и наросете со сусам, сол и црвен пипер.
Испечени фурнарини


5.Печете во загреана рерна, на 230 степени, околу 10 минути водејќи сметка да не изгорат бидејќи не е потребно долго печење. Наросете сирење, кашкавал или сл. и сервирајте ги. Добар апетит!

Лејди.мк предлог: Експериментирајте со различни зачини. Пр: рузмарин, босилок итн.

 

Страни: 1 2