Како да ги избелите валканите фуги помеѓу плочките во бањата



Важно е кога го чистиме својот дом, да не ги заборавиме тешко достапните места. За жал таму се акумулираат најмногу бактерии и други патогени микроорганизми, кои имаат негативно влијание врз здравјето на целото семејство.


Едни од овие места, кои се меѓу најзагадените во нашето живеалиште, се фугите помеѓу плочките. Без разлика дали станува збор за плочки во бањата, кујната или ходникот, во внатрешноста на фугите се собира влага и прашина, кои се претвораат во идеална средина за развој на бактерии.

За да ги исчистите што е можно најдобро овие простори, не е задолжително да користите силни и скапи препарати. Ви нудиме опција за ефективен домашен детергент со антибактериско дејство.


За таа цел измешајте 7 чаши вода, 1/2 чаша сода бикарбона, 1/3 чаша сок од лимон и 1/4 чаша оцет. Со добиениот раствор и соодветна четка исчистете ги темелно сите фуги. Почекајте неколку минути и измијте со чиста вода.