Како да ги исчистите сјајно очилата за сонце



Наочарите за сонце се нешто повеќе од додаток. Тие се составен дел од лицето од април до октомври.


Играат улога на маска при ненаспаност и на магичен разубавувач – Сите изгледаме поубави на фотографии, кога сме со очила за сонце.

Чистењето обично се случува со малку „ухање“ врз стаклата однадвор и одвнатре и темелно бришење со маица и фустан. Но, ова сепак не е вистинскиот начин за чистење и одржување на очилата за сонце.


Здивот ни ги навлажнува стаклата, тоа е добро, но по облеката со која случајно решаваме да ги избиршеме очилата, има многу прашина и големи честички, кои можат да го изгребат стаклото.

Шамивчињата за чистење на очила, кои обично одат во комплет со кутијата, го задржуваат маслото од прстите и уште по првото чистење почнуваат да остават траги, наместо да ги избришат.


Спрејовите за чистење на очила се добра опција, кога ги користите во комбинација со хартија.

Влажните марамчиња за очила исто вршaт добра работа, но нивната цена често е превисока за 10-секунди употреба.

Најлесниот и ефикасен начин за чистење на очила е со млака вода и малку сапун.