Како да дознаеш кога некој маж ќе те засака


Маж кога ќе те засака, ќе знаеш кукле. На очите ќе му пишува, на усните ќе му пишува, на дланките ќе му пишува, на кожата ќе му пишува. А ако му ја раскинеш кожата и го отвориш однатре, и таму дури ќе му пишува… на целата утроба, со длабоко врежани букви, ископани на сите органи ќе му го пишува твоето име. Дека има едни, ќе им дојдеш како настинка и брзо ќе те прележат. Ама маж кога ќе те засака, вечно ќе се разболи од тебе кукле. Неизлечиво ќе се разболи од тебе. Па ќе му доаѓаат разни лекари да го лечат, ама тој ќе ги брка и ќе ги преколнува да го остават таков, болен… смртно болен од тебе.

Автор: Драган Таневски