Како да бидете сопствената најдобра другарка



Генерално во својот живот човекот менува многу пријатели. Едни си одат, други доаѓаат. Се разбира, има и пријатели, кои остануваат долги години, а понекогаш и цел живот. За жал, тоа се многу ретки случаи.


Масовно луѓето многу пати се поставени во ситуации кои ги тераат да се замислат – имаат ли навистина вистински пријатели или сето тоа е само прашање на интереси?

Затоа секоја девојка треба да се научи да биде својa најдобра другарка. Барем на овој начин ќе биде сигурна дека секогаш може да се потпира на самата себе и дека нема да стане жртва на пријателско предавство.


Еве ги советите на tialoto, кои ќе ви помогнат да бидете сопствената најдобра другарка:

1 . Зајакнувајте ја самодовербата. Сето тоа зависи од вас – вие самите треба да го подобрите односот кон својата личност и на тој начин да ја зголемите самодовербата. Ако сакате да го промените вашиот живот, треба да се погледнете во лицето во огледало. Кажете на самите себе дека сте прекрасен човек. Не си го мислете само, туку кажете – на глас !


2 . Наградувајте се себе си за секое достигнување. Понекогаш човек има потреба да добие и материјално задоволство за трудот кој го вложува.

3 . Уживајте во времето што ќе го поминувате сами. Тоа е време во кое може да остане сами со себе, да ги соберете своите мисли и да расудувате за прашањата кои ќе ве возбудат. Зграбите ја својата када, пуштете си ги омилените песни, танцувајте низ дневната соба. Сè што ви се допаѓа – правите.

4 . Стоп со негативноста. Ако сте склони кон непрестајни негативни мисли, запрете го тоа веднаш ! Тие нема да ви помогнат со ништо – ниту ќе ги решат проблемите, ниту ќе го направат вашиот живот поубав или пак ќе ве натера да се чувствувате подобро. Покрај тоа нели не сакате да разговарате само со негативен пријател кој го гледа светот низ сиво-црни очила?

5 . Примајте ги сопствените совети. Точно е дека е потешко е да се погледне непристрасно во својот живот. Но на крајот на другарките успевате да давате разумни и логични совети. Зошто не се обидете да гледате на вашата ситуација како набљудувач и не почнете со дарување совети и на самите себе.

6 . Одите сама, уживајте на масажа и биде разгалена со престој во сауна, џакузи и.т.н. Сепак малку детоксикација никогаш не е излишна!