Како бричењето на нозете да биде попријатно искуство



Искуствата покажуваат дека новите бричеви, општо, штитат од исекотини и ги зафаќаат влакната дури и на најнедостапните места, а и тоа дека ги ублажуваат иритациите со помош на гумената лента што повеќето брендови ја имаат над сечилата. Можеби ќе ви треба да пробате неколку типови пред да го најдете оној што најмногу ќе ви одговара. Секако не е правило без исклучок, но понекогаш важи она дека што ќе платиме, тоа и ќе добиеме. Со бричевите, во голема мера, тоа е така.


Подгответе ја кожата

Неколку минути пред бричењето, кожата да се навлажни и ексфолира. Ова и овозможува на кожата и на фоликулите на влакната да омекнат, а тоа ги прави полесни за бричење. Не ги киснете нозете во топла вода затоа што тоа ќе направи кожата да се рашири и отече. Ова го отежнува бричењето. Подобро да се употреби сунѓер или крпа за ексфолирање за омекнување на кожата.


Правилни движења

Кога се бричите, бричете во правец спротивен од правецот на растење на влакната. Вака ќе треба да поминете многу помалку пати за да постигнете мазно избричена кожа. Не притискајте го бричот премногу и обидете се притисокот на бричот врз кожата во текот на бричењето да биде што е можно поконстантен. Вака ќе избегнете гребење, сечење и стружење на кожата.


Соодветни производи за бричење

Некои средства за бричење – пени, креми, гелови, навлажнувачи, можат да ја иритираат кожата и да предизвикаат поткожни влакна или мозолки. Ментолот често пати предизвикува вакви ефекти, а исто така и мирисите што се додаваат. Како и со изборот на брич, така и со ова, можеби ќе бидат потребни неколку обиди додека да се најде соодветниот производ за вашата кожа. Не комплицирајте го овој дел премногу. Најдобро е овие производи да се сведат на минимум, а искуството нека ви помогне постепено да го елиминирате непотребното, задржувајќи се само на неопходното.

 

Страни: 1 2