Loading...

Како би го уредиле својот дом: Средување на ентериерот според хороскопскиот знак


На уредувањето на внатрешниот простор и изборот на мебел, покрај трендовите, голема улога имаат и астрологијата и карактеристиките на секој хороскопски знак посебно.

Прочитајте кој знак како би го уредил својот дом.

Овен

Одлуките ги носат спонтано, обожаваат слобода и својот авантуристички дух го пренесуваат во ентериерот. Затоа, мебелот кој тие го избираат мора да биде функционален додека естетиката е на второ место. Темпераментот на овенот одговара на огнените бои како што се црвените нијанси, а металот им е поомилен од дрвото кога станува збор за материјалите на мебелот. Централно место во станот им зазема собата со креветот, како и полиците со многу книги.

Бик

Ужива во собирањето на најразлични предмети и украси, а воедно и ужива во традицијата. Сака антиквитети, а сите сувенири се поставени на видливо место. Од боите најмногу му одговараат зелената, портокаловата и земјените тонови. Централно место зазема кујната, а најсреќни се кога живеат во сопствена куќа со голем двор.

Близнаци

Флексибилни се и најчесто сакаат дружби. Затоа преферираат отворени, пространи простории кои лесно се одржуваат. Често се селат, па избираат мебел кој лесно се склопува и расклопува. Преферираат жолта боја, како и светлите нијанси на сивата и сината. Сакаат да организираат куќни забави, а исто така многу време во денот поминуваат во работната соба.

Страни: 1 2 3