Кафето го чува животот: Колку филџани кафе дневно треба да испиете за да ја одбегнете прераната смрт



Антиоксидансите во кафето го чуваат здравјето на срцето и го намалуваат ризикот од карцином – вели најновото истражување.
Во Шпанија било извршено истражување кое опфатило 20 илјади луѓе на возраст од 25. до 60 години, кои биле следени низ цела деценија, и кое покажало дека 4. филџани кафе дневно го намалува ризикот од прераната смрт.
„Препорачувам кафе и тоа многу кафе“ рекла др. Адела Наваро која ова истражувње го претставила на собирот на Европското друштво на кардиолози во Барселона.
„Полифенолите во кафето имаат антиинфаламаторен ефект“ тврди доктор Наваро.
И претходните истражувања покажале дека кафето ја подобрува работата на црниот дроб и го јакне имунитетот.
Сепак, не треба да се претерува, велат докторите, особено со кафињата богати со млеко, многу шеќер и шлаг.