Каде во светот жените посветуваат најмногу време за себе



Студија покажува дека жените во Велика Британија се едни од оние кои имаат најмногу слободно време. Според истражувањето, мажите на французинките најмногу им помагаат и тие поминуваат најмалку време во домашните обврски.


Излегува дека по количество на слободно време британките се само зад норвешките, и тие имаат цели шест часа на ден само за сопствени потреби и слободно време.

Скандинавските мажи се меѓу оние кои најчесто им помагаат во домашните обврски на партнерот, по три часа на ден.


На крајот на оваа листа се азиските мажи – Корејците, Јапонците, Кинезите. Кај нив трудот за за домаќинство често е под еден час на ден.

Иако ги пофаливме дамите на Островот дека имаат време за себе, излегува дека мажите во Велика Британија имаат уште повеќе време од партнерот, што е поврзано со неплатена работа, одмор, телевизија или средби со пријателите.


Се прашуваме каде е македонската жена во овој ранг?