Kаде што е добрата забава, таму е и Јанко



Скопје, градот кој не знае за табу, град кој не знае за граници и град каде што забавата никогаш не престанува. Клубовите се секогаш полни, а забавата трае по цел ден, без разлика дали е понеделник, среда или сабота, младите секогаш имаат причина за забава, а каде што е добрата забава, таму е и Јанко. Каде што е Јанко, таму е и добрата музика, затоа што Јанко има вкус, Јанко знае како да се забавува.


Секогаш во чекор со ситедобри настани, Јанко дефинитивно знае да ја пронајде добрата забава во градот, но и забавата да го пронајде Јанко.Како љубител на добрата музика, сосема е природно Јанко да ја подели и страста со другите, така што често можете да го видите како пушта музика во некој од локалите низ Скопјеи да уживате во звуците на добата музика, спој помеѓу Thievery Corporation и Sven Väth.Секогаш подготвен да открие непознатото, оваа лето Јанко го започна спекуларно, со повик за добра музика, со повик за добра забава, со Skopje Calling.

Photo 1 (1)


Спектакуларната летна сезона ја започна со Thievery Corporation, американскибендсоставенод 20 музичари, коиштонастапувашепрватавечер. Јанко вели дека е среќен што имал прилика да го слушне еден од највозбудливите и највкалитетните бендови од светската концертна индустрија, бендот кој е маестрален во живо и можеби единствен во светот кој што со својот единствен стил успеа да спои повеќе музички жанрови. Јанко кој што има големи апетити кога е во прашање добрата музика и забава вели декареткоимаприликадаго да се види звукот, да се вкуси бојата и да се слушне вкусот, а токму тоа го доживеа на Skopje Calling.

Јанко беше дел од публиката која се движеше во еден ист ритам, музика која ја вози публиката и на која не можеш да останеш рамнодушен. Додатно возбудување, покрај целата атмосфера и добрата музика беше да си дел од Neulandзоната, како што вели Јанко искуство кое нема брзо да го заборави. А за летото да биде целосно, Јанко ќе го следи повикот на добрата музика и забавa, а заедно со Јанко влезете во непознатото, бидете дел од Neuland зоната.