
Колекцијата „Во полн сјај“ е олицетворение на современата жена која истовремено зрачи со невиност и храброст. Раскошните венчаници и гламурозните тоалети го балансираат минимумот и максимумот кај една жена, со што е оставен простор таа самата да ја пронајде својата оптимална удобност.
Покрај специфичноста на секоја креација, дизајнерката Јасмина Дракул и остава можност на жената која ќе ја носи креацијата да создаде свој печат на истата, кој ќе зрачи со енергија што ќе ги рефлектира нејзините емоции.
Ненаметливата раскошност и дизајн на венчаниците и тоалетите ја дефинира убавината кај жената, но не ја ограничува истата, со што се подразбира дека секоја жена би можела да се пронајде во колекцијата.
Фотографиите се направени од Ани&Дими