Јас имам видено и едни други, уште поголеми насилства. Навреди што болат повеќе од корнење коса …



Не сме се разбрале децо. Некои мислат дека е насилство само ако кренеш рака врз жена. Не, не е насилство врз жена само ако ја удриш по телото. Точно, не смееш ни да помислиш на тоа, но јас имам видено и едни други, уште поголеми насилства. Навреди што болат повеќе од корнење коса. Погледи што болат повеќе од раскинување на кожата. Постапки што болат повеќе од фрлање сол на рана. Изживувања што болат повеќе од дробење на коски. А има едни изроди… знаат да удрат така што на телото ништо не се познава, ама на душата прават модрици што никако не поминуваат. И којзнае што боли повеќе… скршена коска или скршено срце… Модро око или модра душа.
_____
Автор: Драган Таневски
Колекционер 1-5
999 ден со достава