Јарецот не е подготвен никому да прости: Како се однесувате со мене, така и јас со вас



Јарците се однесуваат кон луѓето онака како што заслужуваат. Јарецот не е спремен никому да му прости, а исто така не бара ни прошка од другите. Тие сакаат да водат сметка за своите постапки, но за возврат исто така тоа го бараат и од другите. Личноста која ќе го повреди, засекогаш ќе биде избришана од неговиот живот.


Се додека верува во правда и верува дека постои враќање на сите според заслугата, Јарецот се однесува на овој начин. Овој човек треба постојано да го почитувате. Јарецот тоа навистина го заслужува. На добрите луѓе им возвраќа на убав начин, а оние кои тој ги повредил, дефинитивно постои причина и тие тоа го заслужиле. Јарците се многу тврдоглави, но токму поради оваа карактеристика Јарецот е посебен.

Тешко се менува и речиси никогаш не му е потребна голема промена. Јарецот ги почитува сите добродушни луѓе и е подготвен да направи буквално се за нив. Ако во некој човек препознае добрина, подготвен е да направи се за него. Личностите во хороскопски знак јарец не поднесуваат лицемерни луѓе. Токму против лицемерните луѓе Јарецот се бори со сите сили.