Јапонче стана Македонче во Струмица



Никола, роден точно на Бадник минатата година, во Токио, Јапонија, за прв пат деновиве е во Македонија, од каде е неговиот татко Александар Василев, пишува Емагазин.


Рано е уште да се каже колку му се допаѓа родната земја на неговиот татко, но ако се земе во предвид фактот дека климата му дојде добро и одлично се снаоѓа во новата средина, нема дилема дека во иднина уште многу пати ќе доаѓа во Македонија.

Викендов во црквата во струмичко село Василево, беше крстен, како и неговиот брат Кирил (го носи името на таткото на Александар, Кирил), пред неколку години. Како и неговото братче наскоро ќе добие и македонски извод со што ќе има можност за македонски пасош или лична карта.


Брачниот пар Александар и Сајака Василево, за кои еМагазин пишуваше пред неколку години решија да ги испочитуваат и јапонските и македонските обичаи. Се венчаа и во јапонски храм и македонска црква и направија две свадби со сите обичаи и во Токио и во Струмица.

Мајката на Никола, Сајака пак пред неколку години, за да може да се венча во црква ја прими христијанската вера.


Тоа го направи во најстариот струмичкки храм, Св. Кирил и Методиј, па од Сајака стана Виолета.

Нејзиното име на јапонски означува разновидност, цветност, па од понудените имиња со вакво значење, го избра името Виолета.