Ја знаете ли оваа хумана вистинска приказна за Тоше Проески?



Продавачот на весници Рафит Хасани никогаш нема да ја заборави средбата со Тоше Проески кога продавал Дневник на Бул. Партизански одреди.


“Многу врнеше, на семафорите застана еден автомобил и јас приметив дека е Тоше Проески. Ме праша колку ми е заработката за една вечер, а јас му одговорив дека е околу 150 денари. Извади од џебот 500 денари, ми ги даде и ми рече – ТЕ МОЛАМ ОДИ ВЕЧЕРВА ДОМА НЕМОЖАМ ДА ТЕ ГЛЕДАМ КАКО КИСНЕШ, од тогаш често проаѓаше и ми носеше чај во термос” – се сеќава Хасани!
Моите родители, мајка ми и татко ми, тие ми ја вкоренија хуманоста“, често изјавуваше Тоше, кој никогаш не ги заборави своите корења. Велеше „блажена е душата што дава“, а неговата хуманост беше чиста како солза, немаше скриени цели, намери…

Тоше не сакаше публицитет, не сакаше да се фотографира во моментите кога помагаше некому, па токму тоа е и причината зошто јавноста не знае за најголемиот дел од добрите и хумани дела што ги направил тој. По неговата смрт секој ден слушаме понекоја нова приказна од луѓе на кои Тоше им помогнал. Ова е една од таквите приказни која ќе се раскажува уште долго.


Извор: скопјеинфо