Избелете ги ноктите со паста за заби



После интензивно лакирање на ноктите, не ретко се случува да пожолтат и да добијат чудна нијанса и нездрав изглед.. Не треба да не чуди причината за тоа. Лаковите во себе содржат различни хемиски супстанции кои имаат соодветно штетно влијание врз површината на ноктот.


Но, постои решение и за овој мал проблем, кое воедно е и многу едноставно.

Тајната на избелувањето се крие во паста за заби и лимон!


Ставете паста за заби во сад и попрскајте неколку капки лимон.

Истријте го секој нокот посебно со смесата и оставете да постои 10 минути. Потоа со стара четкичка за заби, истријте го секој нокот посебно.


noktipasta2

На крај исплакнете со топла вода.

Резултатите се видливи скоро веднаш.