Исцелувачката моќ на каранфилчето



Каранфилчето е незрелата, неотворена цветна пупка на зимзеленото тропско дрво од фамилијата мирта. Потеклото му е од изндонезиските острови, одсносно од северните Молучки острови, велат од gradina.mk.


Прв пат се споменува во кинеските записи од 400 г.п.н.е., а Римјаните се запознале со овој драгоцен зачин преку арапските трговци.

Додека кај нас за жал е познат само како зачин, кинeските традиционални лекари одамна го користеле за лекување на прблемите со варењето, херниј, пролив, лишаи, атлетско стопaло и габични инфекции.


Индиските ајурведски исцелители со него лечеле респираторни и дигестивни проблеми.

Раните американски лекари го произвеле и маслото од каранфилче со кое ги масирале непцата и го користеле како орален анестетик и за дезинфекција на коренските канали на забот.


За лекување обично се користи во форма на масло или прав во капсули. Се додава и во чаеви.