ИСТРАЖУВАЊЕ: Жените што пијат вино со своите пријателки, живеат подолго



Барате совршен изговор да поминувате повеќе време со пријателките и да пиете вино? Па, излегува дека ова не е само пријатно искуство, туку здрава навика. Новото истражување на Универзитетот во Оксфорд покажа дека луѓето кои се гледаат со пријателите барем два пати неделно, се во подобра психичко-физичко здравје. И не само тоа – луѓето со многу пријатели се со поголема веројатност да живеат подолго, ретко страдаат од болести и закрепнуваат побрзо по операцијата.


Научниците велат дека науката докажала дека жените подобро реагираат на стресот кога можат да ги споделат своите проблеми со пријателите. Причината е дека кога добиваат љубов и поддршка, организмот им произведува окситоцин, исто така познат како “хормонот на љубовта”.

Истото важи и за мажите, но во нив пријателството се изразува во спортот или гледањето натпревари. Клучот за одржување на доброто пријателство е да се сретнат најмалку двапати неделно и да прават работи кои се интересни за секого. Време е да организираме ноќ со вино и игра, нели?