
Kога дојдов тука, во Нарконон, бев лице заглавено во светот на дрогата, очајот и темнината. Лице кое очајно сака да излезе од тој ужасен свет. Ја имав изгубено волјата за живот. Не знаев како е да се биде среќен. Не знаев ни што е тоа Среќа. Не знаев да бидам весел и не постоеше нешто што би ме направило среќен. Тука дојдов за да се ослободам од мојата долгогодишна зависност, но дојдов со трошка сомнеж—дека навистина ќе биде успешно. Си мислев дека не е возможно да постои решение за мојот проблем. Но сепак се одлучив да почнам со Нарконон програмата.
Во првиот дел кризите ги поминав многу лесно, дури и полесно од очекуваното. Ги гледав другите студенти весели, среќни и се прашував дали и јас ќе бидам таков како нив.
Кога почнав со делот Детоксикација не знаев што да очекувам, иако сите кажуваа дека тоа чувство што се доживува во текот на Детоксикацијата не може да се опише со зборови. Така и беше. Како што го чистев телото почнав да ги чувствувам подобрувањата. Се чувствував како да се будам повторно. Почна да ми се зголемува енергијата. Почнав да ја чувствувам храната што ја јадам, почнав да ги чувствувам мирисите околу мене. Се ми беше некако нереално, но во исто време прекрасно се чувствував.
Продолжува на втората страна
Страни: 1 2