Исповед од девојка која работи во Норвешка: Овде е далеку од рај, а ќе биде и полошо



Норвешка е една од најбогатите земји, располага со повеќе од 800 милијарди евра, а за неа се има општо мислење дека иако има сурова клима, условите за живот и социјалната политика се рајски.


Но, сето тоа е сменето. Луѓето кои заминале од Балканот да работат а таму се веќе 2 децении сведочат за големи неповолни промени: Се потешко е да се најде работа, а цените кои и така веќе се високи веќе се дуплирани.

Тања Поповиќ (35) од Белград која работи како рецепционер во еден помал град во Норвешка, дошла во земјата во 1999 година, непосредно пред бомбардирањето во Србија. За сајтот Klikdoposla открила како е да се живее и работи во „рајот“.


-Кога ќе ја споредам 1999 со 2016 година, можам да кажам дека порано се наоѓаше работа полесно, а и цените беа драстично помали. Мојата прва работа беше да чистам во локална болница. Дојдов на разговор и ми рекоа почнуваш утре, вели Тања.

Цените некогаш и сега


Страни: 1 2