Јас сум снаа веќе 29 години, а свекрва сега ми е оваа прва година!
-За мене свекор ми вели дека ја има најубавата снаа на светот, свекрва ми исто така, а јас ја сакам снаата. Изградивме првенствено пријателски однос.
70% од снаите во Македонија се незадоволни од свекрвите; 65% од свекрвите се незадоволни од снаите.
Можеби зборовите на мајка ми се вистинскиот рецепт за секоја свекрва
=
Ја сака снаата, ми рече мајка ми, оти и таа е нечие дете. Кога ќе станеш свекрва, биди нејзина втора мајка. Како што не би сакал некој да те малтретира, знај дека и нејзе не и е лесно. Треба да се навикне на се различно, на нова средина. Да имавте ќерка, сигурно не би сакале таа да го има пеколот на животот, да живее во раздор, растргната меѓу маж и свекрва, осудена на врска во која едната страна постојано ја труе другата.
Продолжува на следната страна