Исповед на една девојка која имала секс со момче што го запознала на Фејсбук



Анонимна девојка која е колумнистка на британскиот The Sun ја споделина својата приказна во медиумот каде што работи, а за кратко време истата се рашири низ светските медиуми, пренесе reporter.mk.


Девојката која е 20 години се запознала со момче старо 21 година, но претходно комуницирале на Фејсбук. Анонимната девојка била заинтересирана за момчето откако ја видела неговата профилна слика, кај пријател кој се познавал со него.

Му испратила порака прашувајќи го од каде ја купил кошулата и по неколку недели излегле на состанок. По завршувањето на состанокот, тој повеќе не и се јавил, но го сретнала по неколку денови во клуб. Момчето ја частело пијачки и се понудило да ја однесе дома, бидејќи била пијана. Завршиле со тоа што имале секс во неговиот автомобил, а потоа следело шок. „Имав секс со момче кое го запознав на Фејсбук, наредниот ден ме избриша од профилот“ – завршила со објавувањето на приказната анонимната колумнистка, кој потврдила дека тој не сака никаков контакт со неа.


Ова е можеби само една од многуте слични приказни, чиј заеднички именител се токму социјалните мрежи, како место за запознавање на партнери. Можеби ова ќе биде лекција за сите оние девојки , кои многу погрешно проценуваат личности, токму поради недостатокот на лична социјализација.