Искрените луѓе се најдобри партнери. Со нив секоја врска е поуспешна



Автор: Драган Таневски


Искрените луѓе се такви… брзо се лутат, кратко им трае. Многу длабоко се радуваат и уште подлабоко тагуваат. Лесно можеш да ги повредиш, затоа што немаат изграден гард и се отвараат сосема. На искрените луѓе јазикот им е побрз од паметот. Ама со нив секогаш си на чисто – никогаш нема да ти кажат нешто што не мислат. Не дека не пробале да излажат, ама лицето и говорот на телото ги издава.

Тоа е исто како да викаш „да“ а со главата вртиш лево-десно (добро, во источна Македонија тоа е стандардно, па затоа за нив важи обратното). Ако на некој начин ги повредиш или злоупотребиш, искрените луѓе немаат капацитет да планираат одмазда . Одма ќе ти кажат во лице или ако треба и ќе се истепаат бранејќи го своето право. Наивни се како мали дечиња, ама не заради недостаток на интелигенција, туку заради добрината на срцето. Искрените луѓе се најдобрите партнери. Со нив секоја врска е поуспешна. Способни се да го понесат товарот на обврските.


Текстот продолжува на следната страна:

Страни: 1 2