Искрен совет на татко до својата сакана ќерка: „Ќерко, најди некој кој ќе го даде и срцето за тебе!“



Ќе продолжиш со животот и ќе имаш секојдневие какво што имаше додека беше само моја. Ти вредиш премногу, а тој не те забележува! Ти ѕвони, ти обрнува внимание само кога на него ќе му биде здодевно и кога ќе ги нема другарите. Кога те погледнал во лице и ти кажал дека те сака? Кога те галел нежно по косата и те бакнал во чело? Кога те изненадил со нешто? Дали си почуствувала љубов од него, ќерко? Го прави ли тоа што го правев јас за тебе? Ти купил ли некогаш подарок за роденден? Ти признал ли некогаш колку вредиш?


Не, не ќерко! Знам дека цел живот за тоа мечтаеш, но не го добиваш. Во што се заљуби? Во човек? Тој е човек? Тој е само еден обичен себичен „човек“! На што си го трошиш времето и љубовта? Јас мојата ја потрошив на тебе, но те сакав и чував. И ти твојата подари ја некому, на некој кој достојно ќе ме замени мене. Ќе дојде денот кога ќе ме покриваш со цвеќиња, сакајќи да ме вратиш… а, тогаш сети се дека има некој сличен на мене. Тој што ќе биде до тебе кога мене ќе ме нема. Во тој што ќе ја бараш последната надеж и утеха. Тој што би го дал и последниот здив за тебе!“.

Страни: 1 2