Исфрлете ги овие предмети од вашиот дом! Тие носат несреќа



Домот е проекција на душата на човекот. Се што се наоѓа во вашиот дом, на некој начин е поврзано со вашата потсвест, вашите желби и вашата иднина.


Не секој предмет во вашиот дом може да ви биде од корист. Добро е да се направи попис на својот стан и без жал да се ослободите од оние предмети кои ги оптоваруваат енергетските текови во вашиот дом и ве гонат далеку од вас.

Најголема штета нанесуваат старите чевли и облека, кои одамна не личат на она што биле во моментите на нивното купување.


Кога чевлите ви се прегазени до неможност или се фрагментирани и десетина пати сте ги носеле на чевлар, веќе е дојдено времето да се збогувате со нив.

Кога домот ви е претворен во магацин за стари алишта и стари чевли, само затоа што ви е жал да ги фрлите, домот ви привлекува негативна енергија и не треба да се изненадите ако постојано се карате со блиските.


Скршени чаши и чинии, како и тенџерињата со скршени рачки е добро да се фрлаат, а не да се остават во кујнските елементи со години. Скршени чинии во кои се храните секој ден, ви полнат со лоша енергија.

Фотографиите на луѓето со кои сте биле пријатели, но потоа сте се скарале и не разговарате со години, исто така не е потребно да стојат во вашиот дом, бидејќи ја привлекуваат негативна енергија.

Непотребни искршени статуетки кои собираат прашина, исто така треба да бидат фрлени, бидејќи привлекуваат лоша енергија.