Исчистете ја вашата микробранова за само неколку секунди



Има природен и ароматичен начин да ја исчистите микробрановата печка. Потребно ви е само кора од портокал. Врз кората, ставете вода и пуштете ја микробрановата околу 7 минути, односно додека не испари водата.


Оставете ја затворена рерната околу 20 минути потоа. Така, концентрираната пареа ќе ги раствори целосно мрсните наслаги, а и самата печка ќе се излади, за да можете лесно да ја дочистите. За оваа цел користете сува памучна крпа.

Киселината која се содржи во коритото на портокалот ги разградува масните дамки, кои се главните загадувачи на рерната. Освен тоа мирисот на портокал ќе ги отстрани миризбите. А портокалот јадете го како награда за добро завршена работа.