Исчистете го домот од негативна енергија на овој едноставен начин



Традицијата на чистење на домот од негативна енергија е многу стара и се сретнува во повеќе култури. Чистењето на домот според Фенг Шуи овозможува ослободување од негативната енергија предизвикана од негативни мисли и стрес, со што се ослободува место за сè што значи позитивно, убаво и удобно.


Ритуалот на чистење на домот дава чувство на смиреност и среќа, истакнувајќи ги нашите позитивни ставови и намери.

Растворете крупна сол во сад со вода. Ослободете се од сите негативни мисли и размислувајќи за убавите нешта во вашиот живот, испрскајте ги сите агли од домот, започнувајќи од влезот. Како што влегувате во собите, прскајте го секој дел од секоја соба, внатрешноста на плакарите и мебелот, потоа вратете се до влезната врата за да започнете со ритуалот на чистење со жалфија.


Листовите жалфија запалете ги и внимателно поминете низ сите простории од домот, за секој дел од домот да дојде во допир со чадот од жалфијата. Жалфијата држете ја врз огноотпорен сад за да се собира пепелта. Поминете ги аглите од собите, прозорците и вратите, центарот на собите. Додека го чистите домот, замислете дека сè што е негативно исчезнува, а вашиот дом се отвора за позитивна енергија. Откако ќе завршите, ослободете се од пепелта и солта и уживајте во домот отворен за позитивна енергија, пишува pindzur.mk.