
Јана Романова е млад руски фотограф, а таа неодамна ја создала оваа серија наречена „Очекување“ во која фотографирала парови кои очекуваат бебе.
Таа започнала да ги фотографира паровите во најинтимното место, креветот, рано наутро, кога спијат или се будат. Во тој период од денот најчисто се гледаат емоциите на паровите кои очекуваат принова во нивните животи.
Проектот содржи 40 слики кои ги претставуваат 40те недели од бременоста. Јана признава дека знаела многу малку за нејзините модерли, но ја фасцинирала довербата која и била укажана од паровите кои дозволиле таа да влезе во нивниот дом и да ги фотографира овие интимни моменти.