Ретко кој не слушнал за „Девојките“ или „The Chicks“. Тоа се младите згодни и убави девојки кои свират поп рок музика и полека ја освојуваат македонската сцена, со своите хитови.
Поразговаравме со нив околу нивните следни планови:
- Кога и како почна приказната The Chicks или Девојките?
- Нашата приказна како настанавме како бенд е една од најраскажуваните приказни за нас. Во 2016 година три девојки од Велес, со иста цел – да создадат еден нова движечка искра до луѓето, во и надвор од границите на државата дадат еден импулс за себеизразување кон поединецот, инспирација со повисоки цели… почна да функционира со само 5 извежбани кавери во кафе бар Drama во Велес, по што бевме забележани од претставник од Tomato продукција, каде ни беше понуден настап во живо на плоштадот во Скопје… по што следеа бројни настапи и концерти, фестивали…
- Мора да признеме, станавте познати по своите забавни настапи пред пандемијата. Дали за ова „невреме“ ви недоставуваа свирките и како го потполнивте времето?
- Пред се фала ви, што секогаш не следите и не поддржувате низ нашиот прогрес, во иднина посакуваме повеќе медиумска свест како вас. За време на пандемијата бевме премногу зафатени со работни обврски, посебно што дел од нас директно бевме вклучени во борбата со корона вирусот. Во однос на музиката во текот на пандемијата објавиме неколку песни од новиот албум. Настапите и публиката ни недостасуваа премногу. Кога нешто ќе изгубиш тогаш сфаќаш колку тоа нешто навистина го сакаш и ти значи. Така да оваа пауза нас не инспирира да во иднина создаваме повеќе.
- Снимивте нов албум. Каде беше снимањето и кој го продуцираше?
- Новиот албум е проект што го започнавме пред пандемијата. Составен е од 7 песни дел на англиски дел на македонски јазик. Заедно со композиторот Александар Чекреџи од Шведска, Александар Ристовски Принц кој беше задолжен за аудио продукцијата, јаготката на шлагот Златко Симионски Зеко, ДоРеМи продукција кој го финализираше проектот со неверојатен и светски микс и мастеринг и ние кои се вклучивме со нашите текстови и идеи го искреиравме нашето првенче онака баш по наш вкус. Кога имаш одличен тим работата оди добро. Така да голем поздрав праќаме до овие вонсериски талентирани музичари со кои соработувавме.
- Што ве инспирира да пишувате песни и создавате музика?
- Нас може да не инспирира буквално се. Најчесто тоа се оние интерни фактори односно емоциите кои ги доживуваме во текот на животот: љубов, среќа, тага, разочарување. Инспирација црпиме и од надвор, не инспирира природата, човекот и животот воопшто.
- Кои се вашите следни планови? Дали спремате нешто ново?
- Создавање музика, настапи, снимањето на спотови не инспирира да размеслуваме по малку и за актерски проекти, а креирањето на музиката и текстовите не наведуваат да размислуваме креативно и во тој поглед. Сакаме да започнеме со изведување на авторска музика концертно, тоа е наредниот исчекор во нашето растење како бенд, да правиме хуманитарни концерти, да помагаме на луѓе, да инспирираме луѓето сами да разберат колку многу можат , вредат…!
- Видовме најава за настап на Дојран Рок Фест ова лето. Дали е ова ваш прв настап во Дојран? Што би им порачале на публиката предвреме?
- Во Дојран свириме прв пат и чест ни е што нашиот прв албум “Travelers” ексклузивно и за прв пат ќе го изведуваме во живо баш на Дојран Рок Фест. Ќе настапиме со песните од нашиот албум и мислиме дека ќе им се допадне на публиката она што ќе го изведеме . А, ние им порачуваме да дојдат и уживаат во звуците на инструменти и вокали во живо . Нешто кое на сите ни недостасуваше изминатиов период.