Интернационалниот фестивал за игра со сенки ”Сонот на облачето” започнува на 24 ноември



Здружението Сенки и облаци од 24-ти до 26-ти ноември 2014 година е организатор на Интернационален детски фестивал за игра со сенки ”Сонот на облачето” кој делумно е поддржан од Министерството за култура на РМ. Фестивалот е со интернационален карактер и е концепиран во три дена со учество на театри од регионот и Европа.


“Сонот на облачето” е фестивал кој ќе им овозможи на децата и младите од нашата земја да се запознаат со поинаков театар, традиции и културни вредности, со различни начини на раскажување и игра.

Фестивалот има и хуманитарен карактер бидејќи ќебидат вклучи одредени општествено маргинализирани групи како – деца без родители од „СОС детско село“ и домот „11 Октомври“, како и други малцински групи за кој се обезбедени бесплатен билет и превоз за фестивалот. Со овој фестивал се очекува да се зголеми интересот за театарот кај децата ,да ги запознаат основните човечки вредности и да се едуцираат за важноста на работите во светот кој ги опкружува.


Фестивалот “Сонот на облачето” ќе се одржува три дена (24, 25 и 26 ноември 2014 год.) во просториите на Младинскиот Културен Центар (Сцена Фросина). Ќе гостуваат две меѓународни театарски групи и една театарска група од Македонија. Учесници на фестивалот ќе бидат ”Cia quase cinema” од Бразил , “Theatres des ombres” од Франција како и таеатарот на сенки СЕНКИ И ОБЛАЦИ од Скопје – Македонија.