Интересни факти: Зеленооките се заљубуваат тешко, а во продавница одберете ја најлевата каса



Човечката психа останува една од најголемите мистерии на светот. Иако научниците се свесни за многу од закономерностите во однесувањето на луѓето и дури да можат да претскажуваат реакции според некои особени белези, длабочините на свеста и потсвеста се уште се „terra incognita“.


Истражувања покажуваат дека луѓето со сини очи може да се заљубат само за неколку минути или како што велиме – на прв поглед. Доминантниот дел од човештвото – оние со кафени очи, можат да сакаат истовремено двајца луѓе. При зеленооките може да помине една година, пред да се опуштат и да го следат повикот на срцето. Луѓето кои поседуваат шарени очи, се вљубуваат за еден час, пишува cluber.com.ua.

Според истражувањето на универзитетот во Кембриџ во еден напишан текст кој треба да се согледа, не е важно по кој редослед се наоѓаат буквите. Важно е првата и последната да се на место, за да го сфатат значењето на пораката.
Знаете ли дека дури позитивните емоции како завршување на високото образование, свадба или нова работа можат да предизвикаат депресија?


Поголем дел од луѓето на непознато место би вртеле десно. Па, доколу се наоаѓете во продавница, изберете ја најлевата каса, советуваа од biznisvesti.mk.

Ако ве измачуваат кошмарите ноќе, можно е да ви е студено. И тоа е испитуван факт од психолозите.


Способноста да се одложи задоволството се појавува уште во детството. Вашата способност да го оставате за подоцна исполнувањето на желбите се јавува уште во детските години. На ова прашање се посветени бројни експерименти. Резултатите покажуваат дека луѓето кои се навикнати на тоа „одолговлекување” биле подобри ученици во едно училиште, а како возрасни се справиле полесно со стресот и разочарувањето.