Денеска во светот има повеќе од една милијарда пушачи и статистиката вели дека секој шести човек пуши. Сите релевантни податоци покажуваат дека пушењето е еден од главните ризик фактори за развој на најраспространетите заболувања, кои што се поврзани со смртност во развиените земји, а тоа се кардиоваскуларните болести и карциномот. Целосното откажување од пушење е најдобрата опција, но и покрај свесноста за штетното влијание што оваа лоша навика го има врз здравјето на пушачите и нивната околина, голем број луѓе сѐ уште не се откажуваат од цигарите од различни причини.
Научните истражувањата на оваа тема докажуваат дека најголемиот виновник за развојот на болести предизвикани од пушењето е чадот од тутунот, а не никотинот како што се истакнуваше подолго време. Воведувањето на нови иновативни производи кои не го согоруваат тутунот може да ги зголеми напорите за подобрување на јавното здравје, додека потребата да се пристапи кон иновациите, во контекст на поширока соработка помеѓу сите засегнати страни би требало да има ефект врз намалувањето на штетните ефекти од пушењето.
При горење на цигара, се испушта чад од тутунот со повеќе од 6.000 супстанци, од кои стотина се штетни или потенцијално штетни. Toa е температура на која сите штетни материи се испуштаат преку чадот, кој е канцероген како за активните, така и за пасивните пушачи.
Важно е да се знае дека постои начин да се избегне согорувањето и емисијата на штетни материи, благодарение на развојот на науката и технологијата. Со создавањето на помалку штетни алтернативи како електронските уреди кои го загреваат тутунот, на пушачите им се овозможува подобар избор, затоа што процесот на согорување е целосно избегнат, а со тоа е намален ризикот од штета по човековото здравје. Електронските уреди се базираат на технологија која го загрева тутунот и не создава чад, туку аеросол што е комбинација на течни капки, цврсти честички и воздух, за разлика од чадот кој содржи само цврсти честички.
Новите тутунски производи и тутунските производи во развој кои се различни од цигарите, се дизајнирани значително да го намалат или елиминираат ослободувањето на штетни
и потенцијално штетни хемикалии, а истовремено колку што е можно повеќе да го зачуваат
вкусот, сетилното искуство, профилот на испорака на никотин, како и ритуалните карактеристики на цигарите. Токму, користењето на новите тутунски производи со намалена штетност за пушачите, најверојатно ќе резултира со намален вкупен ризик по здравјето на населението во целина, вклучително и за оралното здравје.
Бројни светски експерти, како и научни студии од областа на јавното здравство потврдуваат дека клучната разлика помеѓу постоењето на чад и неговата елиминација преку споменатите производи може да направи вистинска разлика во секојдневната здравствена заштита. Едукацијата во овој сегмент е клучна и неоходна за подобрување на штетните навики кај луѓето кои консумираат традиционални цигари.