Имам 40 години, a сакам да родам дете


Напредокот во современата медицина во заштитата на бременоста им овозможува на жените и во подоцнежната возраст да забременуваат и да раѓаат здрави деца.

Главната причина за ова е желбата на новата генерација жени да го завршат образованието, да постигнуваат самостојност, да работат на развојот во својата кариера и потоа се подредува и желбата да родат деца.

Ризикот од компликации на бременоста на 40 години е повисок: болести кои влијаат од мајката (дијабетес мелитус тип 2, хипертензија, нарушувања во тироидната жлезда, компликации при породувањето).

После 40 години ембрионите губат од својата способност да се делат правилно и може да произлезат генетски проблеми со аномалии и дефекти на плодот. Најчестиот е Даунов синдром. Тој е предизвикан од присуството на дополнителни хромозоми кој предизвикува ментална ретардација и срцев хендикеп. Иако ризикот е релативно мал, тој значително се зголемува кај жени над 40-годишна возраст (до 8%). Се разбира, постојат тестови со кои се открива аномалијата, по што мора да се донесе одлука дали да се прекине бременоста.

Замрзнувањето на јајцеклетките е соодветна и оправдана постапка за жени кои се наоѓаат во слични животни ситуации со желба да бидат мајки. Успешноста на ин витро постапките за статистика е 30% кај жени до 35-годишна возраст. По оваа граница шансата почнува да опаѓа и по 41-годишна возраст нагло опаѓа.

Компликациите при раѓање се вообичаени кај жените над 40 години: предвремено породување, предвремено лупеше на плацентата, крварење после породувањето. Иако ризиците поврзани со бременоста на 40 годишна возраст се многубројни, деталната оценка од гинеколог на општата здравствена состојба пред забременувањето може да ве ориентира за индивидуалниот ризик конкретно кај вас. Во некои случаи не се препорачува забременување.

Резултатите покажуваат дека кај повеќето бремени над 40-годишна возраст раната пренатална нега и најдобрите здрави навики доведуваат до здраво бебе и среќна мајка. Сепак во Западна Европа жените раѓаат меѓу 30 и 39 години.