Имам 37 години, среќно сум омажена но редовно водам љубов со…


Го изневерувам сопругот. Просто и едноставно. Во почетокот се чувствував ужасно. Првите две недели бев толку вознемирена што не можев да јадам. Сепак продолжив да се гледам со него.

Сексот со 19-годишен маж во почетокот беше чуден, но стана многу подобар. Во кревет Дин е се она што Џејк не е. Ентузијастичен е. Ми одговара. Сака да пробува нови работи. Сака да зборува за тоа како следниот пат ќе биде уште подобро. И најдобро од се, не морам да го молам за секс.

Сега скоро и да не чувствувам грижа на совест. Знам дека сето ова е привремено. Дин секогаш ме потсетува дека можеме да прекинеме кога ќе посакам. Се уште не сум подготвена, но знам дека тој ќе се сложи кога ќе го сторам тоа.

Не сме вљубени, тој не ми е момче. Воопшто не сакам да имам врска со него. Ние сме пријатели за секс. Тоа е договор. Тоа од почеток беше договор. Едноставно добар секс со човек кој сака да уживам и јас.

Ме прашаа како замислувам дека ќе заврши сето ова. Искрено, немам поим. Во најдобар случај, Џејк ќе почне да пие лекови, нивото на тестостерони ќе се поправи и сите проблеми ќе исчезнат.

Но, можно е да се подобри ситуацијата, но сепак да нема нагон. Тоа е мост кој ќе го преминам и доколку дојдам до него. За сега, изневерувањето не ми делува како грев, туку како фластер кој ми го одржува бракот додека не нејадеме долгорочно решение.

Извор: segamk.blogspot

Страни: 1 2 3