Има жени, на кои 50-те години воопшто не им се забележуваат. Зошто некои жени никогаш не стареат? | Lady

Има жени, на кои 50-те години воопшто не им се забележуваат. Зошто некои жени никогаш не стареат?


Постојат девојки кои изгледаат како жени, без тоа да е комплимент. А има жени, на кои 50-те години воопшто не им се забележуваат.

Каде се крие тајната? Не е само во гените, како што си мислите.

Тајната е во правилен режим на живот.

Пет најважни работи што треба да ги следите се:

Да не пушите

Пушењето е еден од најголемите непријатели на убавината и здравјето. Збрчкана кожа, проблеми со белите дробови, пожолтени заби, нарушувања во циркулаторниот систем- нема ниту едно позитивно дејство од цигарите освен измамата дека “смируваат”. Тие го зголемуваат крвниот притисок при стрес, бидејќи ги стегаат крвните садови и крвта.

Правилно да се храните

Да не гладувате. Не да живеете само на марула и спанаќ. Туку едноставно да јадете квалитетна храна – месо, зеленчук, млечни производи, ореви. Без шеќер, без заситени масти, без конзерванси. Не е тешко.
Кожата ќе ви засвети од витамините и омега-3 масните киселини, твоето срце ќе си чука незатормозено од лошиот холестерол и воопшто – нема да ви се случи ништо лошо ако заборавите на чипсот.

Страни: 1 2