
Деталите разубавуваат, даваат печат препознатлив за Вас и затоа „Каталеја“ е задолжена за детали што ќе ја разубават Вашата свадба. „Casamento“ се задолжени за комплетно организирање на свадбениот ден.
Во склоп на настанот „Скопје Мериот Хотел“ ќе организира коктел со почеток во 18 часот каде што сите идни невести и двојки ќе можат да дознаат се за организација на нивната свадба во хотелот. На коктелот покрај сите потребни информации, идните невести ќе имаат можност да добијат ваучери со попуст за свадба во „Скопје Мериот“, како многу другу подароци за кој што ќе биде организирана лотарија.
Бројот на места за присуство на ревиите е ограничен и исклучиво со пријавување. Потенцијалните невести кои сакаат да бидат дел од настанот треба да пополнат апликација најдоцна до 1-ви февруари и да чекаат повратен одговор на нивната е-маил адреса. Потврдената апликација важи за две лица.
Пријавувањето се врши на следниот линк:
https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSd0jhcaC8U_Z0I4ArbBAA_83fnh9uSzRXp2BQyNTSpHb0-I3A/viewform