По шестти пат на 6 февруари, 2018 во „Скопје Мериот Xотел“ идните невести ќе го одбираат совршениот фустан на ревии од затворен тип на „The Bridal Fashion Night“ со почеток во 19 часот во организација на Моден викенд Скопје.
Вечерта која е комплетно посветена на свадбениот ден ќе ја отвори ревијата на „MCouture by Mila Kadriu“ со колекцијата „Spring Bridal 2018“.
Потоа ќе следува презентација на креациите од модната куќа „Менакон“ од Косово чии колекции веќе редовно ги гледа домашната публика во Скопје а потоа ќе бидат прикажани моделите од ателјето „Ал Апарел“ на Наташа Карчева под името на најновата колекција „Endless love“.
Брендот за уникатен италијански накит „Sigma Jewelry“, преку несекојдневен моден перформанс ќе ги претстави новите трендови за претстојната сезона.
За прв пат македонската публика ќе ги види моделите на ателјето „Зана“ од Косово со колекција за пролет-лето 2018 година наречена „Something more“.
Јагода Пачемска од арт-студиото за цвеќе „Фа –Бу“, која изработува несекојдневни фустани од свежо цвеќе, на овогодинешниот „The Bridal fashion night“ ќе претстави нова уникатна креација.
Вечерта ќе ја затвори „Elizabet design studio“.
„Македонските невести имаат се пософистициран вкус кога е во прашање венчалниот фустан, се посмели се во својот избор и ги следат светските трендови. Во ерата на социјалните медиуми и брзото живеење одлуката за вистинскиот модел најчесто е тежок избор и затоа со модните ревии сакаме да им олесниме. Освен фустанот, на настанот можат да ги најдат сите други неопходни нешта за организација на тој важен ден. “, велат организаторите.