Идеален момент! Стојте на ладно за да ослабете



Студот може да помогне за слабеење, претворајќи ги “лошите” масти во “добри”, пишува во Daily Express, повикувајќи се на резултатите од едно американско истражување, објавено во списанието. “Molecular Cell”.

Авторите од Калифорнискиот универзитет утврдиле дека изложеноста на студени температури предизвикува формирање на протеинот наречен Zfp516 кој ги конвертира белите масти во кафеави масти.

Белите масти складираат енергија и предизвикуваат акумулација на тежина. Кафеавите масти дејствуваат како “печка” за горење на енергија и ја одржуваат телесната топлина, објаснуваат експертите.

Авторите на оваа студија направиле експерименти со глувци, од кои дел со достапни високи нивоа на протеинот, а останатите – со ниски. И двете групи глодари биле подложени на диета која изобилува со масти.

Истражувачите утврдиле дека глувците со високи нивоа на протеинот Zfp516 се стекнале со 30% помалку тежина во споредба со останатите.

“Кафеавите масти се активни и ги користи калориите, за да се одржи телесната топлина. Таа ги согорува мастите и шеќерот. Тоа може да го користиме во борбата против вишокот килограми и дијабетесот”, пишуваат истражувачите.