И жените често лажат за бројот на господата со кои имале секс



Да си беспрекорен веќе не е “модерно”. А што се однесува до дамите – многуте партнери исто така не се прифаќаат добро и доведуваат до употребата на различни негативни епитети, насочени кон претставничките на понежниот пол. Поради оваа причина и до ден – денешен жените често лажат за бројот на господата со кои имале секс.


Според една нова студија една четвртина од дамите не ја кажуваат вистинската бројка на своите сексуални партнери. 20% од овие жени го прават ова за да не изгледаат силно сексуални, додека 5% вештачки ќе го подигне бројот.

Кај мажите процентите се следните: 22% лажат за својата бројка, 12 % ја зголемуваат, а 10% ја намалуваат.


Истражувањето покажува дека учениците во Оксфорд Брукис се најактивни сексуално, и во просек еден од нив имал сексуален контакт со 14 партнери.

Мажите издаваат, дека имале секс во просек со по 10 жени, додека кај дамите бројката варира најчесто меѓу 7 и 8. Тоа сепак може да не се реалните бројки, бидејќи некои млади признаваат дека може и да го надминат вистинскиот број партнерки.


Сексот не е табу меѓу младите и за него се пишува и се зборува многу . Меѓутоа сепак сексуално преносливите болести сеуште владеат меѓу младите луѓе. Меѓу учениците околу 10-12%, се соочија со слични болести. Најчестите сексуално преносливи болести се кламидијата ( 81%), а околу 14 % од студентите развивале херпес на половите органи.

Што се однесува до сексуалноста – 11 % од младите луѓе во Велика Британија се геј. 17% пак се снимале на видео во својот кревет, пишува MailOnline .

Maktel