И вие го имате дома ова растение со кое може да ослабете: Таа во вторникот имала 72кг, а во неделата 68 килограми


Многумина од нас користат магдонос за подготовка на разни јадења. Свежата и ароматична билка, не само што ја збогатува храната со одличен вкус и арома, туку и дополнително ја заситува со витамини, пишува uspesnazena.

Помеѓу другото, магдоносот е моќен диуретик, ослободува од отоци, инфекции на уринарниот тракт и други здравствени проблеми.

Овој рецепт за напивка за слабеење е многу популарен, а заснован е на способноста да од организмот го исфрли вишокот течност.

Рецепт:

Наведената количина на состојки е потребна за еднодневно користење. Имајќи го во предвид изразениот диуретички ефект, не се препорачува да се зголемува дозата, а треба да се прават и долги паузи. Хронично болни и бремени жени треба да се консултираат со лекар, пред да ја користат оваа напивка.

Состојки:

– 5 лажици исецкан лист од магдонос.

– 1 литар вода

Подготовка:

Прелијте го магдоносот со врела вода. Поклопете и оставете да отстои 20 минути. Процедете.

Напивката пијте ја во текот на цел ден.