И стана несреќна. Оговарана. Изневерена. Омразена. Отфрлена…



ЛУКСУЗ
Животот и даде се… Тело од соништата и неверојатна интелигенција. Имаше способност да разбере, и длабоко, вистински да сака. Ама немаше кого. Ја болеше тоа што сите и го посакуваа телото, но се плашеа од нејзината способност да проникне во нивните мотиви. Се плашеа од нејзината остроумност и интелигенција. Кога ќе сфатеа дека не можат да ја имаат како играчка, бегаа како попарени. Се чувствуваше како да е проколната. Како нејзината мисија на земјата да беше баш тоа – да го искуси најдлабокото човечко страдање – осаменоста. Немаше ниту другарки… и тие се плашеа од нејзиното присуство кое веднаш ги фрлаше во сенка. Едноставно сите очи беа вперени во неа каде и да се појавеше. И стана несреќна. Оговарана. Изневерена. Омразена. Отфрлена. Понекогаш ќе слушнеше како некои и зборуваат зад грб – „еее, да ја имам нејзината убавина и интелигенција“ – тогаш и идеше да им се сврти и да им вресне на цел глас – „глупачи едни… не знаете вие што барате… не знаете!“
Беше спремна да им ја даде својата кожа, лице, се што ќе и побараат. Само да може барем за миг да почувствува слобода. За миг да биде обична и наивна. Да сретне некој обичен и наивен што лудо, лудо ќе ја сака. Ама потоа сфати дека тоа што го посакуваше е всушност најголемиот луксуз. Луксуз кој на луѓето како неа едноставно им е забранет.”
Автор: Драган Таневски
Колекционер 1-5
Сите 5 дела по акциска цена
999 ден со достава