И сега би дал се на светот да можеш да го вратиш времето, нели?



Бакнувај ја кога е нервозна.
Кога ти се дере со цела сила,
припиј ја до тебе и остави ја без здив.


Бакнувај ја кога е тажна.
И пред да ги допреш усните до нејзините,
погледни ја во очи за да сфати
дека ти секогаш ќе си до неа.

Бакнувај ја кога е среќна.
Помилувај и ја косата со врв на прсти
и кажи и дека нејзината смеа
е најубавиот звук на Земјата.


Бакнувај ја кога е под стрес.
Стави и ја главата на твоето рамо
додека очајно се жали за нешто.

Бакнувај ја кога ти лежи во прегратка
и ти раскажува колку голема е Вселената
и колку мала се чувствува под ѕвездите. Кажи и дека мислите и се уникатни и убави,
а бакнежите уште повеќе.


Бакнувај ја спонтано, без предупредување.
И кога не си до неа, за да ја држиш силно
и да ја бакнуваш по челото,
кажувај и секој ден: “Те сакам!”

И сега би дал се на светот да можеш
да го вратиш времето, нели?

#ЗборовитеНаБезгласнатаДевојка

Автор: Јанева Ивана

* Авторката Јанева Ивана е родена на 19.07.1988 година во Скопје, а живее и твори во Пробиштип. Студент е на Филолошки факултет при УГД. Пасијата кон пишувањето и се раѓа уште во основно образование. Учествувала во разни драмски секции, конкурси и литературни натпревари.
Во 2014 година прави своја ФБ фан страна “Зборовите на безгласната девојка” каде до сега брои околу 7.000 следбеници. Во тек е публикацијата на нејзиното прво дело “Зборовите на безгласната девојка”. Не станува збор за роман, ниту за раскази бидејќи зад овие кратки текстови се кријат зборови, безгласни пораки кои вриштат од дно на душа. Инспирацијата ја црпи од својот, од животот на блиските, но и од луѓе кои се попатни странци. За себе вели дека е голем емпат. Човек кој лесно може да ги почувствува туѓите емоции, а уште полесно да допре до душата на читателот. Улогите што ги креира не често се самата таа. Дел од неа е: авантурист, дете, романтичар, воин, принцеза, херој, маж, волшебник, чудак, жена, пријател. Тоа се улоги што ги крие. Улоги кои сака да ги игра. Улоги кои ги играла и кои допрва ќе ги игра. Секоја нејзина приказна е базирана на делумна вистина. Вашата. Дозволете и на оваа безгласна девојка да Ве води низ кањоните на љубовта, храброста, тагата, среќата – преточени во моќни емоции заробени во зборови.